Барселона го потврди трансферот на Видал


Барселона официјално ги потврди информациите дека чилеанскиот фудбалер Артуро Видал ќе биде нивен нов играч.

vidal-barselona3

Раководството на шпанскиот клуб соопшти дека е постигнат договор со германскиот првак Баерн Минхен за трансфер на Видал.

– Барселона и Баерн Минхен постигнаа договор за трансферот на Артуро Видал. Договорот ќе биде потпишан на три години, а овие денови фудбалерот ќе ги заврши лекарските прегледи, стои во официјалното соопштение на Барселона.

Шпанскиот клуб ќе му плати на Баерн Минхен околу 30 милиони евра за Видал.

Трансферот на чилеанскиот фудбалер го привлече вниманието на јавноста бидејќи наместо планираното заминување на играчот во Интер, тој во последен момент, одлучи кариерата да ја продолжи во Шпанија.

За Барселона ова е втор ваков трансфер летово, откако претходно на Рома и го презеде бразилскиот фудбалер Малком.


Skopje ID
[fbcomments]