„Ај кју“ го претстави спотот за евровизиската „Lost and Found“


Песната „Lost and Found“ со која  групата „Ај кју“ ќе ја претставува Македонија на 63-то издание на  „Евровизија 2018“, што во мај ќе се одржи во Лисабон, Португалија, официјално со  видеозапис им е претставена на македонската и на светската јавност. Премиерата на спотот  во режија на Јован Коцировски се случи во неделата во централниот дневник на МРТ, која ја поседува лиценцата за учество на овој избор.

13032018112320_web_ај-кју
Музиката и текстот за песната ги напиша лидерот на  „Ај кју“,  Бојан Трајковски, а аранжманот е на Дарко Димитров. Инаку, интересно е дека  режисерот  Јован Коцировски, го реализира видеото со голем тим, бидејќи е снимен во еден непрекинат кадар, односно таканаречен „уан шот“ спот.
Инаку членовите на „Ај кју“ во Лисабон веќе ја снимија разгледницата, што ќе се емитува пред нивниот настап. Годинава темата беше „Добредојдовте во Португалија“.
Во наредниот период „Ај кју“ ги очекуваат многу активности и предевровизиска турнеја во регионот.


Skopje ID
[fbcomments]