Арнолд Шварценегер на романтичен одмор во Венеција

Популарниот “Терминатор“ уживал со својата поубава половина Хедер Милиган во Италија.

Арнолд Шварценегер (71) пред неколку дена ја посетил Венеција заедно со девојката Хедер Милиган (43) која е 28 години помлада од него. Овој пар е виден како се качуваат на брод. Арнолд носел сино одело и очила за сонце додека пак неговата девојка одлучила да носи светла дневна комбинација.

Парот бил во придружба на обезбедување, а кога се качиле на бродот заминале во непознат правец.

Арнолд во последно време многупати беше во центар на внимание. Неодамна во Јужна Африка беше нападнат од зад грб од страна на непознат маж. Исто така на Јутјуб се појави во новиот трејлер за „Терминатор“ во кој глуми покрај актерката Линда Хамилтон.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »