Армин ван Бјурен во сабота на „Билјанини извори“


Во сабота, на стадионот „Билјанини извори“, ќе настапи познатиот холандски диџеј Армин ван Бјурен. Со него ќе се заокружи годинешното издание на фестивалот „Ohrid calling“ во организација на Авалон продукција.

AVB-702x336

Организаторите ветуваат музички и визуелен спектакл.

На првата вечер на фестивалот настапија Димитри Вегас и Лајк Мајк. Според организаторите, присуствувале повеќе од 10.000 посетители. Слична посетеност очекуваат и во сабота.

„Настапите на Армин ван Бјурен секогаш се енергични и полни со одлични нумери, но и со изненадувања. Сигурни сме дека и неговиот настап во Охрид ќе биде забележан како еден од низата феноменални настапи на Армин ван Бурен, кој ќе привлече бројни фанови од Европа“, стои во најавата за настанот.


Skopje ID
[fbcomments]