Аривабене од Ферари прави трансфер во Јувентус?


На Ферари може да му биде потребен нов шеф бидејќи Маврицио Аривабене, според италијанските медиуми, е прв фаворит да биде нов генерален директор на фудбалскиот клуб Јувентус.

arivabene333

Аривабене, кој дојде во Ферари од „Филип Морис“, веќе е член на бордот на Јувентус и сега е прв фаворит да го замени долгогодишниот генерален директор Џузепе (Бепе) Марота, кој на крајот на месецот заминува по конфликтот со претседателот Андреа Ањели. Јуве под водство на Марота ја потврди доминацијата во италијанскиот фудбал со седум титули во низа, а ова лето го донесе и Кристијано Роналдо.

Аривабене има силни врски со семејството Ањели, кое е сопственик на Јувентус и на компанијата „Фиат“, во чиј состав е Ферари, и е во бордот на Јувентус од 2012 година. 61-годишниот Италијанец беше именуван шеф на Скудерија во ноември 2014 година и го крена Ферари во ривал за титулата, иако и оваа сезона титулата изгледа дека веќе е избегана.


Skopje ID
[fbcomments]