Антиќ: Јас одамна сум пензиониран од репрезентацијата, не знам зошто уште ме викаат

Перо Антиќ уште еднаш потврди дека нема намера повторно да игра за репрезентацијата на Македонија иако во последно време често се наоѓа на поширокиот список на селекторот Давитков.

Антиќ и пред овие претквалификации се најде на поширокиот список на Јорданчо Давитков, но кошаркарот на Црвена звезда ја отфрла секоја можност за враќање во националниот тим.
„Се пензионирав од репрезентацијата откако наполнив 30 години. А тие и понатаму го ставаат моето име на списокот само за да докажат нешто“,изјави Антиќ за порталот „Јурохупс“.
Но, Антиќ вели дека би сакал да го види Мекејлеб во репрезентација кој исто така се најде на списокот.
„Би сакал пак да го видам Мекејлеб во репрезентацијата, тој добро би ѝ дошол на оваа Македонија, на репрезентацијата на која во минатото и тоа како ѝ помогнал. Овие мечеви се шанса за младите да се покажат“


Skopje ID

Коментирај