Акциониот филмски хит „Top gun“ добива продолжение


Речиси една деценија се зборува за продолжението на познатиот акционен филмски хит од 1986 година, со кој се прослави актерот Том Круз.

img-381979

Според најновите информации од Холивуд, снимањето на продолжение под назив „Top Gun: Maverick“ ќе започне ова лето.

Веста е објавена непосредно по информациите дека Том Круз се најде во тесниот избор за втора главна машка улога во престојниот филм на Квентин Тарантина, „Once upon a time in Hollywood“.

Некои извори пренесуваат дека Круз не ја добил улогата во филмот на Тарантино токму поради почетокот на снимањето на ново продолжение на „Top Gun“, туку таа му е доделена на Бред Пит.

Новото продолжение на култниот акционен филм, за тема ја има улогата на главниот лик Маверик во денешното американско воздухопловство.

„Морнарницата денеска е многу поразлична во однос на 1986 година, бидејќи тогаш не беше во војна некои 15-20 години“, изјави режисерот Јосеф Косински.

„Денеска е таа веќе 20 години во војна. Светот денеска е поинаков, па не можете повторно да снимате ист филм. Потребно е да се направи адаптација на приказната“, додава тој.

Премиерата во кино салите на филмот „Top Gun: Maverick“ закажана е за 12 јули 2019 година.



Skopje ID
[fbcomments]