Аеродром добива 4 нови паркови – ова се локациите


Аеродром добива 4 нови паркови. Локациите ќе бидат покрај улиците „Методија Шаторов Шарло“ и „Новопроектирана 1“, на раскрсницата меѓу улиците „Пандил Шишков“ и „Фрањо Клуз“ и меѓу зградите во Индустриска зона УЕБ, покрај булеварот „Трета македонска бригада“.

-Деновиве распишавме јавен повик за изработка на овие проекти. Исто така се избира изведувач за паркот во населбата Мичурин, а изградбата почнува во наредниот период. Остануваме посветени на своите заложби за заштита и подигнување нови зелени површини на својата територија. Во таа насока имаме набавено околу 1.800 високоизраснати дрвја кои ќе се садат на повеќе локации, велат од општина Аеродром.

 


Skopje ID
[fbcomments]