Австријците го менуваат работното време: Три слободни дена во неделата


Австриската влада договори флексибилно работно време кое што во оваа држава ќе овозможи работен ден од 12 часа, но и работна недела од само четири дена.

kxHBr-avstrija-rabotni-casovi-slobodni-denovi

Од владата на канцеларот Себастијан Курц истакнуваат дека работниот ден од осум часа останува законски нормално работно време, а 40 часа неделно останува и натаму правило. Сепак, новиот модел предвидува просечното работно време како и досега да не смее да надмине 48 часа, а неделната горна граница останува на 60 часа.

Разликата е во тоа што според новиот закон, Австријците ќе може да работат четири дена по 12 часа, а остатокот од неделата да го одмараат. Вработените ќе може да ја одбијат оваа опција од лични причини, како на пример поради обврски кон нивните деца.

Според новиот модел, максимално четири пати во годината и не четири викенди по ред, ќе биде возможно на вработените да им биде наложено да работат за викенд или празници. Вработените ќе можат да изберат дали прекувремените часови ќе им се запишат како слободни денови, или ќе добијат поголема плата за тоа.

Од австриската влада соопштија дека новите правила се за прилагодување на модерните услови на живот, а истите создаваат можност за граѓаните да имаат продолжени викенди, а и за претприемачите кои ќе може да покријат повеќе работно време кога ќе има поголема побарувачка.

Според пресметките на австриската влада, на пример, ако еден готвач или келнер во ресторан работат две саботи по 11 часа, ќе имаат 8 прекувремени часови, што значи дека ќе добијат еден слободен ден.


Skopje ID
[fbcomments]